
Во пресрет на летната сезона, продолжуваат подготовките за разубавување на градот Струга.
И денес,директорот на „ЈП Комунално-Струга“, Иќмет Ислами, заедно со вработените во претпријатието, се на терен да се грижат за изгледот на градот.
Зеленилото околу реката Црн Дрим, засадувањето цвеќе во повеќе области од градот, и дадоа на Струга сосема поинаков изглед, како никогаш порано.
