На средбата, им се заблагодарив за одличната меѓусебна соработка, несебичното залагање и взаемна трудољубивост, со цел исполнување на стратешките цели на Преприатието.
На вработените им посакав успешна работа и во иднина, во насока на унапредување .
Воедно, изразив отвореност за понатамошна професионална соработка, истакнувајќи дека секогаш сум подготвен да помагам доколку е потребно.
На крај упатив честитки во пресрет на Новата 2024Година, посакувајќи многу здравје, среќа, благосостојба и уште поголеми успеси на професионален и приватен план.
Нека е среќна и бериќетна Новата 2024Година!
