Денес почнyваме

Со цел подобрување на состојбата со управување со отпадот, ЈП Комунално-Струга започна акција за промена на постојните стари и дотрајани метални контејнири поставени на градските улици, со нови пластични контејнери за мешовит отпад со зафатнина 1,1 кубен метар. Со ова значително се подобрува комуналната инфраструктура и услугата собирање и депонирање на смет.
Новите контејнери се поставени на локации каде предходно беше констатирано дека се одлага поголема количина на смет.
Исто така ЈП Комунално апелира до граѓаните да ги чуваат новите контејнери, да не ги палат и да не фрлаат несоодветен отпад (шут и кабаст отпад).

Сподели

Поврзани Вести

13.07.2023. Четверток

Активности од денес..#strugaepasterПродолжуваме без запирање со Планот за почиста Струга, поставен во секој агол од државата, спречувајќи загадување на животната срединаВи благодарам за вашата посветеност

Прочитај повеќе ›